Мундијалот во Русија урна рекорд во гледаност! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Речиси половина од луѓето на планетата земја го следеле Мундијалот во Русија. ФИФА денеска објави бројки кои покажуваат дека ова е нов рекорд.

Организаторите се надеваа дека претходниот Мундијал ќе биде надминат и ќе го организираат најдоброто Светско првенство, а токму тоа го покажуваат бројките.

На официјалниот сајт на ФИФА пишува дека Мундијалот во Русија го следеле три милијарди и 500 милиони луѓе, сметајќи ги само тие постари од четири години.

Околу три милијарди и 200 милиони луѓе гледале барем минута од програмата од Русија на своите телевизори, додека 309 милиони луѓе следеле преноси преку дигитални платформи.

Милијарда и 120 милиони луѓе го гледале финалето меѓу Франција и Хрватска, а просечната гледаност по натпревар изнесува 191 милион луѓе.

ФИФА пишува деоа е забележан раст во однос на минатиот Мундијал. Носителите на ТВ-правата беа воодушевени од бројките, кои ги постигнаа минатото лето.