Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лео Меси сериозно размислуваше за заминување од Барселона, тврди Мундо Депортиво.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше на маса богата понуда од Манчестер Сити, а преговорите беа константно водени во периодот од декември 2016. до ноември 2017. година.
Понудата која му беше испратена беше навистина неверојатна. Мундо Депортиво тврди дека му е понуден петгодишен договор вреден 250 милиони евра покрај платените даноци.
Покрај оваа сума за Меси, „Граѓаните“ беа подготвени на Барселона да и понудат 250 милиони евра како обештетна клаузула.
Преговорите кои беа оддржани меѓу таткото на Меси, извршниот директор на Сити и некогашен потпретседател на Барселона, Феран Сориано, меѓутоа не успеаа.
Хорхе се обидуваше да го наговори својот син да ја прифати понудата, особено бидејќи Каталонија во тој период беше во политичка криза, но на крајот Меси остана на „Ноу Камп“.
Потоа, Меси договори нов четиригодишен договор во ноември 2017. година со плата од 35 милиони евра и клаузула од 700 милиони евра.