Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Управата на Манчестер јунајтед му додели буџет од 120 милиони евра на Жозе Мурињо за јануарскиот преоден рок, откако се охрабрени со последните победи во лигата.
Во овој момент Јунајтед му се приближува на четвртопласираниот Арсенал, но сигурно нивните амбиции се многу поголеми.
Инаку, половина од парите за трансфери би требало да бидат потрошени на стопер и прва цел на клубот е Мегваер од Лестер бидејќи на Мурињо му е потребен фудбалер, кој е прилагоден на Премиерлигата.
Наводно, понуда од 65 милиони евра би била прифатена од страна на „Лисиците“, а остатокот од парите ќе бидат вложени во нов напаѓач.
Тоа е многу тешко да се пронајде, па желба на Мурињо се Анте Ребиќ или можеби младиот Санчо, а доколку не успее во тоа, тогаш ќе се обиде да го ангажира Марио Манџукиќ од Јувентус.
Секако, за да се случи нешто од ова, Мурињо треба да има добри резултати до јануари за да остане на тренерската клупа на „црвените ѓаволи“.