Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го пофалил младиот голман на Бенфика, Миле Свилар. Португалецот своите импресии за младиот голман ги пренел на претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виери.
Тоа беше знак англиските и португалските медиуми веднаш да направат приказна дека Португалецот е заинтересиран за услугите на Свилар.
Миле Свилар на првиот натпревар против Манчестер Јунајтед влезе во историјата на Лигата на Шампионите како најмлад голман кој се појавил на ова натпреварување.
И покрај тоа што на двете средби несреќно прими голови, синот на поранешниот југословенски голман Ратко Свилар остави одличен впечаток кај фудбалската јавност.