Мурињо доби нова понуда – се враќа во татковината!?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо веќе неколку недели е без работа, откако доби отказ од Манчестер јунајтед, но очигледно би можел да се врати наскоро на тренерската работа.

Мурињо немаше добри резултати со Јунајтед во последниот период, па мораше да биде заменет, а денеска во португалските медиуми се појави информација дека него сака да го ангажира енфика.

Португалски „рекорд“ пишува дека најголемиот проблем се финансиите, зашто е јасно дека Бенфика не може да му понуди богат договор на Мурињо.

Но, во Португалија го провоцираат Мурињо и му порачаа да се врати во татковината и да докаже дека е еден од најдобрите.

Мурињо ја почна тренерската кариера во Бенфика, но доби отказ по 11 натпревари, а потоа ги водеше Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.