Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо не е задоволен од шпанскиот фудбалер Андер Ерера, кој најверојатно ја игра последната сезона во Манчестер јунајтед и во јануари постои можност да замине од клубот.
Ерера на „Олд Трафорд“ стигна пред четири години од Атлетик Билбао за 33 милиони фунти како големо засилување, па одигра 166 натпревари и постигна 17 голови, но сезонава Мурињо не смета премногу на него.
Шпанецот има договор до крајот на сезоната и сигурно ќе го напушти Јунајтед, па ќе се обидат да го продадат уште во јануари.
Поточно, Јунајтед планира да го пушти речиси бесплатно и би прифатиле понуда од пет милиони фунти, а тоа е многу помалку од тоа што го платија за него.