Мурињо им соопшти тажни вести на навивачите на Манчестер јунајтед


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер јунајтед се надеваа на уште некое засилување до крајот на преодниот рок, но очигледно од тоа нема ништо да биде.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо се појави денеска на прес-конференција поради натпреварот со Лестер, а притоа кажа дека клубот нема да купува повеќе засилувања.

„Време е да престане да се мисли за трансфер перидот, зашто моите последни информации се дека Манчестер јунајтед нема да ангажира ниту еден играч“, кажа Мурињо.

Секако, информацијата ги разочара навивачите на Јунајтед, кои сметаат дека клубот нема доволно квалитет за да му се спротистави на Манчестер сити во борба за титулата, а тоа го покажаа и пријателските натпревари во кои екипата делуваше катастрофално.