ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Хенрик Михтаријан е задоволен од неговиот настап против Феенорд, а по долго време, натпреварот го започна од првата минута.
„Преубаво е чувството повторно да играте и конечно да бидете стартер на еден натпревар. Задоволен сум, ова за мене е нов почеток“, изјави Михтаријан.
„Не ми беше лесно да гледам од клупата и од трибините се што се случуваше последниве недели. Се обидувам да се наметнам и ќе дадам се од себе за да добијам што поголема минутажа“, додаде Ерменецот.
Михтаријан во Јунајтед пристигна пред почетокот на сезоната од Дортмунд, а за Јунајтед запиша само шест настапи со скромна минутажа.