Мурињо му се „запна“ на Мата, го продава во Шпанија


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што пренесува англискиот медиум „Сан“ од таборот на Валенсија се сериозни во намерата да го вратат Хуан Мата на „Местаља“.

Одличниот фудбалер токму од Валенсија се пресели во Челси од каде премина во Манчестер Јунајтед чиј член е и денес.

Медиумот пренесува дека Мурињо воопшто не го планира Мата за првиот тим, па по целосното враќање на Лингард, Рашфорд и Марсијал, Мата ќе падне во втор план.

Наводно таквата ситуација сакаат да ја искористат од Валенсија и да го донесат фудбалерот во своите редови.