Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е повеќе од бројки, едноставно Јунајтед не сака да гостува на овој стадион.
Се менуваа тренери, периоди, Јунајтед продолжи да доминира и во овој век, иако Челси предводен од Мурињо успеа да ја намали разликата, да освои неколку титули да се позиционира на мапата на клубови кои не се важни само во Англија.
Но за сето тоа време, минатите 15 години, една работа е постојана, Јунајтед најлошо поминува на ова гостување.
Во ПЛ, од 2002 година тие во Лондон победија само еднаш.
Ниту во последните години Јунајтед нема многу среќа против Челси, ги немаат победено во ПЛ на 6 натпревари, 3 победи на Челси и 3 нерешени натпревари.
Откако е создадена ПЛ, Јунајтед има најмногу порази од сите ривали токму од Челси, вкупно 16 натпревари.
Мурињо е заслужен за овие бројки, во своите 2 мандати во Челси, но овој пат нема да доживее неверојатен пречек во Челси. Ќе добие топло добродојде, тоа е сигурно, но се знае што ќе следи потоа бидејќи тој е противникот овој пат.
Тој тврди дека никогаш не бил близок со Абрамович кој 2 пати го замени, иако даде признание за навивачите. Од друга страна, медиумите велат дека тој го убива фудбалот и дека токму тоа го направил на „Енфилд“ кога Јунајтед одигра 0:0 против Ливерпул.
Некои играчи нема ниту воодушевено да го пречекаат, како Мозес кој доби шанса кај Конте и игра одлично.
„Никогаш ништо не ми рече, секогаш имаше свои играчи на кои им верува.“, изјави Мозес.
Едно е сигурно, тимот заигра многу подобро откако тој замина, а сега ќе сакаат да го победат со сите сили…