Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако започна сезоната во Премиер Лигата медиумите на Островот, тренерите и бројните аналитичари не може да се начудат на одлуката Челси да го пушти Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед.
Пред двобојот на овие ривали на „Стемфорд Бриџ“ менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо откри како започнал трансферот на еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата во првите десет гола.
„Бев зачуден кога летоска ме повика агентот на Матиќ и ме праша дали сум заинтересиран за него. Се изненадив, но во прашање е менаџер кого добро го познавам, директен и конкретен човек кој не губи време. Знаев дека не ме побара само да му ја поправи ситуацијата во клубот на својот клиент. Кога ми соопшти дека може да го имам Немања доколку го сакам, веднаш му кажав дека го сакам“- коментираше Мурињо, а пренесе „Скај Спортс.
Продолжението на приказната е добро познато. Србинот за 45 милиони евра се пресели на „Олд Трафорд“ а со одличните партии во првите натпревари за „Ѓаволите“ покажа дека сините од Лондон направија голема грешка со неговата продажба.