Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да доведе неколку засилувања во јанурскиот преоден рок.
Прва мета на португалскиот стратег ќе биде играчот на Арсенал, Месут Озел. Договорот на Германецот со „топчиите“ истекува на крајот на сезоната и тој нема намера да потпише продолжување на соработката.
Мурињо наводно е подготвен да издвои 35 милиони фунти за Озил. Таа понуда би била доста примамлива за Арсенал посебно поради фактот што на Германецот му останаа само шест месеци од договорот.
Покрај Озил, Мурињо во своите редови планира да го донесе и стоперот на Челси, Давид Луиз кој не е во прв план кај Антонио Конте. Наводно, Јунајтед ќе се обиде да го донесе 30 годишниот фудбалер на шестмесечна позајмица со можност за откуп на договорот на крајот на сезоната.