Мурињо разочаран од младиот Переира


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека е по малку разочаран со одлуката на младиот играч, Андреас Переира да се приклучи на Валенсија.

Португалскиот стратег истакна дека Переира требало да се бори за место во тимот, и дека позајмицата во Валенсија е лично негова одлука.

„Тоа беше негова одлука, а јас не се согласувам со неа. Одлука која искрено мислам дека не беше добра за него, одлука која ме разочара. Тој има потенцијал да се бори за место во тимот, да се бори да биде играч на Манчестер Јунајтед“- коментираше Мурињо на вчерашната прес конференција пред натпреварот со Стоук.

Андреас Переира минатата сезона ја помина на позајмица во Гранада, а имаше солидна предсезона со тимот на Манчестер Јунајтед.