До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се надева дека ќе го убеди Фелаини да остане на „Олд Трафорд“, но признава дека не е сигурен за неговата иднина.
„Тој е многу важен играч за мене. Тој е голем професионалец кој дава се за да помогне на тимот. Има желба и кај мене, и кај бордот и кај самиот играч да останеме заедно. Тоа е нашата цел. Дали ќе ја достигнеме? Дали ќе се договориме? –Не знам. Знам дека сите посакуваме среќен крај“- коментираше Мурињо.
Фелаини се уште го нема продолжено договорот со Манчестер Јунајтед, а актуелниот му истекува следното лето.















