Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече дека е загрижен поради можниот распоред на неговата екипа во последните неколку месеци и додаде дека тоа може да претставува голем проблем.
Јунајтед и понатака учествува во четири натпреварувања – Премиер лигата, Фа куп, Лига Куп и Лига Европа.
„Ако продолжиме да напредуваме во сите натпреварувања, ќе бидеме во проблеми“, рече Мурињо на конференцијата за новинарите пред дуелот од шеснаесет финалето на Лига Европа против Сент Етјен.
Првиот меч меѓу Јунајтед и Сент Етјен е на програмата денеска.
„Не можеме да бираме натпреварувања. Лига Европа не е натпреварувања во кое сакаме да играме, но играме“, рече Мурињо.
Португалецот најави дека мечот против Сент Етјен поради повреда ќе го пропуштат Вејн Руни, Мајкл Керик и Фил Џонс, но наведе дека Пол Погба ќе биде во тимот, што значи дека ќе игра против братот Флорентино.
„Тоа е добро, убава судбина. Мислам дека единствено мама Погба е во проблеми, нема да може да избере. Знам, ми кажа Пол, дека таа сака да биде нерешено“, рече Мурињо.
Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Сент Етјен се игра денеска од 21:05 на Олд Трафорд.