Муслера со почетнички кикс, Франција прв полуфиналист (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство во Русија откако со 2:0 ја совлада селекцијата на Уругвај во Нижи Новогород.

Уругвај во оваа средба влезе драстично ослабен затоа што играше без Единсон Кавани кој поради повреда го пропушти денешниот натпревар.

Франција дојде до водство во 40. минута со голот на Рафаел Варан кој одлично реагираше по центаршутот на Гризман.

Во продолжението Франција само ја завери победата преку Антоан Гризман кој во 62. минута силно шутираше, а катастрофално реагираше Нестор Муслера.

На крајот тоа беше конечниот резултат, а Франција противникот во полуфиналето ќе го добие по вечерашниот втор четвртфинален натпревар помеѓу Белгија и Бразил.