На 15 години направи сензација против Цибулкова: Сега е најмлада тенисерка во топ 100


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Американската тенисерка Сиси Белис стана најмлада тенисерка во топ 100 на ВТА листата.

    Таа во финалето на Хаваи(125.000 долари) ја победи Жанг и се искачи на 75-то место во светот. Сиси наполни 17 години, а се пласираше во 3-то коло на УС Опен, играше ¼-финале во Квебек Сити, а потоа освои и две ИТФ титули.

    Таа беше во центар на внимание во 2014-та година, кога со 15 години во Њујорк ја исфрли Доминика Цибулкова.

    Размислувала да игра тенис на колеџот Стенфорд, но на крајот се одлучила за професионална кариера и по се изгледа дека не згрешила.