На Атлетико му е одбиена жалбата – Дали тоа е проблем за Јунајтед?

Како што стојат работите, Симеоне нема да може да пазарува ова лето.

Атлетико Мадрид има забрана за трансфери до јануари наредната година. За разлика од Реал, на кој му е намалена казната, Атлетико ќе мора да ја плати целата казна

Двата тимови беа казнети минатото лето, а Атлетико се надеваше дека по жалбата ќе им биде намалена жалбата.

Но поради тоа што нема да може да купуваат ова лето, сега е прашање дали се подготвени да се откажат од своите најдобри.

Гризман веќе некое време се поврзува со Јунајтед, а ваквиот расплет на ситуацијата може да го одложи неговото заминување од Мадрид.