„На Интер му требаат шампиони, а не просечни фудбалери“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Поранешниот италијански напаѓач, Кристијан Виери, денеска го советуваше новиот тренер на Интер Лусиано Спалети дека на Интер, му требаат шампиони во составот, а не просечни играчи.

Популарниот Бобо изјави: „Интер има потреба од шампионски состав, а не просечни играчи“.

Играчот кој во својата кариера има настапувано за Интер и за Милан, мислеше на новите засилувања на „Нероазурите“, кои што според него се просечни играчи.

Интер оваа сезона ги ангашираше: Даниеле Падели, Милан Скриниар и Борџа Валеро од Фиорентина.

Пензионираниот италијански фудбалер исто имаше забелешка и на неконтролираното трошење на клубот за играчи кои не вредат толку, како на пример ангажирањето на Габриел Барбоса и Џофри Кондогбиа.

„Ги имате во тимот Ханданович, Муриљо, жао Марио, Икарди, Перишиќ и пак не можете да составите добар тим. Тоа е веќе голем проблем“. -заврши Кристијан Виери.

Можеби и донекаде Виери е во право, Интер оваа сезона ангажираше имиња кои не одекнуваат многу на трансфер пазарот, но има сеуште време тоа да се поправи. Како што шушкаат италијанските медиуми можно е Кеита Балда да премине од Лацио во Интер, а тоа ќе биде трансфер кој ќе одекне.