На што ги трошат парите Ѓоковиќ, Федерер и Надал?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Претходните години тенисот стана еден од најпопуларните спортови во светот, а со самото тоа и заработката на тенисерите достигна голем раст.

    Медиумите направија статистика за тоа кој како ги троши заработените пари.

    Секако, најголем дел од заработката тенисерите имаат од спонзорите.

    Просечен тенисер на УС Опен заработува 161.000 долари.

    3. Рафаел Надал

    Тој пред неколку сезони беше несопирлив, но проблемите со повредите го спречија да направи поголеми успеси.

    Надал успеа на турнирите да заработи 4 и пол милиони долари од 2014 година. Кога во се тоа ќе се вклучи и заработката од спонзорите, се доаѓа до сума од 32.5 милиони долари.

    Тој одлучи да купи луксузна вила во Порто Крист, а неодамна е сопственик и на една вила во Доминиканската Република.

    Надал во 2007 година направи фондација која се бори за ист однос кон децата во светот.

    2. Федерер

    Тој најверојатно е најпопуларен тенисер во светот, а со самото тоа ја има и титулата за најплатен тенисер во светот.

    Тој има неверојатни спонзорски договори со Најк, Жилет и Ролекс.

    Од 2014 до 2015 година заработи 9 милиони долари додека од спонзорите доби дополнителни 67 милиони долари.

    Федерер одвои 10 милиони за да направи куќа на езеро во Цирих, а има и неколку луксузни апартмани на Алпите.

    Исто така, неодамна купи луксузен апартман во Дубаи каде што престојува во последно време.

    1. Новак Ѓоковиќ

    Тој веќе неколку години е убедливо прв на АТП листата.

    Од 2014 до 2015 година од награди заработи 17.2 милиони долари додека од спонзори доби 31 милион долари.

    Ѓоковиќ има повеќе кафеани и ресторани, како и фирма која се занимава со хуманитарна работа.

    Ѓоковиќ е познат по тоа што често организира донаторски вечери за да собере пари за хуманитарни цели. Тој има донирано 750.000 долари за поплавите кои се случија во БиХ и регионот пред 2 години.

    Тој има и голема колекција на автомобили, а во 2009 година купи луксузна јахта за 2.5 милиони долари.