Англичаните нема да може да ги гледаат првите 15 минути од дебито на Роналдо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус денеска играат на гостувањето против Киево во рамки на првото коло од новата сезона во италијанската Серија А.

Овој натпревар се наоѓа во центар на внимание на фудбалската јавност, зашто се очекува Кристијано Роналдо да дебитира за „бјанконерите“. Меѓутоа, навивачите во Англија поради законот нема да може да ги следат првите 15 минути во Верона.

Законот во Англија гласи дека телевизиите нема да може да емитуваат натпревари од останатите лиги во термин од 15.45 до 18.15 часот, а натпреварот во Верона се игра од 18 часот.

„Елевен спортс“ има право на натпреварите од Серија А, а дури ниту на својот Фејсбук профил немаат право да ги пренесуваат првите 15 минути од средбата.

На телевизијата одлучија дека ќе остават само коментатор за да знаат навивачите што се случува во тие 15 минути. Покрај Роналдо во овој меч би требало да дебитираат Жоао Кансело и Емре Џан.