Навивачите во паника: Евакуиран Етихад


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Манчестер Сити и Барселона вечерва го играат натпреварот од четвртото коло во групната фаза во Лигата на Шампионите.

    Сепак, неколку часа пред почеткот на спектаклот имаше евакуација на Етихад, а состојбата беше прогласена за „вонредна“.

    Но, откако беше утврдено дека се е во ред, навивачите беа вратени на Етихад.

    Паниката траеше кратко време, јасно, секогаш постои страв од терористички напади, но организаторите тврдат дека навивачите не треба да се грижат бидејќи натпреварот ќе започне по нормално време (20:45).

    Ова не е прв случај да се случи вакво сценарио во Манчестер оваа година. Во мај, беше испразнет Олд Трафорд поради сомнителен пакет, но и тогаш немаше несакани сцени и се заврши како што треба.