„Навивачите заслужуваат да ја слушнат вистината“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мамаду Сако не игра за Ливерпул уште од крајот на минатата сезона, и приказната за допинг, која на крајот е отфрлена.

    Во меѓувреме се случи и повреда и приказна за тоа дека Клоп ќе го испрати на позајмица што Сако одби.

    Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп рече дека Само мора уште да работи со цел да ја постигне формата потребна за натпреварувачки дуел:

    „Не се работи за тоа како играчот се чувстува, се работи за тоа како јас гледам. Помина многу, многу време откако играше, многу играчи не ни имаа пауза па така е сосема нормално дека ќе играат“.

    Од друга страна, Сако на Снеп чет посака да го објасни својот статус, но постот многу брзо го избриша.

    „Сега се веќе три недели откако сум спремен да играм. Завршив со опоравувањето. Не ме пуштаат дури да играм ни за вториот тим, не знам зошто.  Јас и понатака работам напорно како војник, но сакам да “зборувам“ на терен. Наскоро на сите ќе објаснам на тие кои сакаат да знаат што се случува а не ја разбираат ситуацијата. Среќен сум што сум уште во мојата “држава Ливерпул“ и се надевам дека наскоро ќе имам шанса да заиграм бидејќи сеуште се трудам да дадам се од себе.  Ја прифатив својата ситуација но не сакам да прифаќам лаги. Навивачите заслужуваат да ја знаат вистината. Благодарам на поддршката“, пишуваше на профилот на Сако.

    Постот е многу брзо избришан, но не доволно брзо за некој да не примети.