Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс синоќа го победија актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 127-101, а триумфот остана во сенка на повредата на Леброн Џејмс.
Додека навивачите на Лејкерс во страв чекаат вести, Леброн се јави по мечот и беше расположен.
„Никогаш не сум бил премногу загрижен за повредите. Си заминав само од паркетот. Слушнав дека нешто пукна, пробав да се истегнам, но не можев. Се надевам дека не е нешто сериозно“, кажа Џејмс.
Сега Лејкерс нетрпеливо чека нови вести за повредата на главната ѕвезда, а неговото отсуство би бил голем удар за тимот, кој е четвртти на Западот и има 20 победи и 14 порази.