Навивачите на Марсеј со четкитки до Јунајтед: Порака од најголемиот ривал на ПСЖ гласи вака… (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


ПСЖ беше речиси сигурен патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите по 0:2 на „Олд Трафорд“, но избраниците на Оле Гунар Солскјер имаа други замисли.

Славеше Јунајтед со 1:3 во реваншот во Париз, режираше сензација и мина во четвртфиналето.

Манчестер Јунајтед со победата над ПСЖ моментално стекна пријатели на југот на Франција, со оглед на тоа дека навивачите на Марсеј не престануваат да ликуваат од средата.

Марсеј синоќа на домашен терен славеше против Ница во рамки на францускиот шампионат, а домашните навивачи имаа интересна порака која ја упатија до Манчестер Јунајтед, но и ПСЖ.

„1:3 како од шега. Честитки до Јунајтед“, порачаа навивачите на Марсеј.