Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Рома во последно време играат во одлична форма, а тимот на Спалети гостува кај Емполи.
Познато е дека повеќе од една година Рома своите натпревари ги игра без поддршка од своите навивачи кои ги бојкотираат натпреварите на својот тим.
Бојкотот на навивачите на Рома започна кога осигурувањето ан стадионот стави дополнителни бариери на трибините зад головите и тоа ги налути навивачите.
Сепак, по голем број протести изгледа дека осигурувањето ќе ги тргне бариерите од стадионот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека до отстранување на бариерите би можело да дојде на 12 ноември кога на „Олимпико“ се игра рагби натпревар помеѓу Италија и Нов Зеланд.
Рома првиот натпревар пред своите навивачи по отстранување на бариерите би требало да го игра на 24-ти ноември кога во Рим доаѓа Плзен.