Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем, Кејн изјави дека не се сомнева дека ќе го продолжи договорот со тимот.
Кејн има договор со Тотенхем до 2020 година и заработува 50.000 фунти неделно, а управата започна преговори затоа што сака да му ја зголеми платата и да го задржи во тимот.
И покрај тоа што отсуствуваше 7 недели поради повреда, Кејн постигна 5 голови оваа сезона, од кои 2 во пресвртот и победата против Вест Хем од 3:2.
„Среќен сум во клубот и сакам да останам уште долго. Разговараме и сигурен сум дека ќе се договориме. Нема паника и не барам ништо што е објавено во медиумите. Преговорите се во тек и не се сомневам дека ќе постигнеме договор.“
Кејн во сезоната 2014/15 постигна 21 гол во ПЛ, а минатата сезона беше најдобар стрелец со 25 голови.
По натпреварот со Вест Хем, тренерот на Тотенхем, Покетино изјави дека Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во светот.