Надал во Барселона ја напаѓа 10-та титула


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Рафа Надал е првиот тенисер кој го потврди учеството на АТП турнирот во Барселона, кој ќе се одигра во април наредната година. За Шпанецот ова ќе биде 13-то учество на Барселона Опен, а во случај да победи, тој ќе стане првиот играч со 10 трофеи на еден турнир.

    „Повторно ќе играм во Барселона. Тоа е важен турнир за мене. Во минатото имав многу успеси и одвај чекам да се појавам таму. Секогаш имам дополнителен мотив кога настапувам во Шпанија.“

    Рафа поради проблеми со повреди мораше порано да ја заврши сезоната. Во 2016-та го пропушти ВИмблдон, а поради повреди мораше да се повлече од Ролан Гарос. Моментално е 9-ти на АТП листата.