Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за три позиции и на денешната АТП-листа е на третата позиција со 455 бодови помалку од Роџер Федерер.
По триумфот во финалето на Ју-Ес опен, Ѓоковиќ сега има 6.445 бодови, односно 455 помалку од Федерер. Додека на врвот уште е Рафаел Надал со 8.760 бодови.
На четвртата позиција се наоѓа вториот финалист во Њујорк, Хуан Мартин Дел Потро со 5.980 бодови, а Александер Зверев има 4.890.