Наместо на породилно, таа е на терен: Бремена во шести месец дојде на тренинг!


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Една од најдобрите фудбалерки во светот, Синди Лерукс го шокираше светот откако се појави на тренинг на Орландо Прајд.

Лерукс е една од најдобрите фудбалерки во светот и одигра дури 77 натпревари за репрезентацијата на САД. Меѓутоа, во Орландо сите веруваа дека нема да се појави во првиот дел од новата сезона.

Таа се појави на подготовките за новата сезона и тоа во шести месец од бременоста. Но, таа вчера тренираше во силно темпо, но многу внимателно.

„Не мислев дека ќе ги почнам подготовките во шестиот месец од бременоста, но еве сум тука. Не доаѓам во контакт со други фудбалерки. Работам само со топката и не се ставам во опасни ситуации“, напиша вчера фудбалерката на Твитер.