Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Франко Антонучи се сели во Кнежеството.
Дмитри Риболовљев одамна сфати дека Монако не е толку популарен клуб за да може да се натпреварува со најсилните. Финансискиот ферплеј на УЕФА за Монако значи премногу ограничување. Од кога сопственикот се насочи кон најталентираните фудбалери сега ќе се засили со уште еден таков. Од Ајакс ќе стигне Франко Антонучи, репрезентативец на Белгија до 17 години.
Се работи за фудбалер од средниот ред од кој Ајакс многу очекуваше, но не можеше да му одолее на брзата заработка бидејќи Антонучи пред една година беше доведен од Андерлехт за 500 илјади евра, а сега ќе биде продаден за помеѓу 2.5 и 3 милиони евра.
Вкупната цена би можела драстично да се зголеми во зависност од бонусот односно учинокот на Антонучи на стадионот Луј втори, а холандскиот гигант ги задржа процентите од следната продажба на младиот фудбалер. На тоа инсистираше Марк Овермарс.
Антонучи инсистираше на заминување, а белгиските медиуми соопштија дека се заканувал со заминување без оштета кога договор ќе му истече.
Сега прашањето е дали ќе заработи Монако како што направија со Ентони Марсијал, Левин Курзава, Јаник Фереира Караско…