Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачот на фудбалскиот клуб Рома призна денес пред судот дека е виновен за нападот на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс пред стадионот во пресрет на мечот помеѓу двете екипи во Лигата на шампионите.
Како што пренесува Скај, навивачот на Рома, Симоне Мастрели се изјасни виновен за нанесување тешки телесни повреди на Кокс пред „Енфилд“ во пресрет на првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите во април изминатата година.
Мастрели е од Рим, а испорачан е изминатиот викенд откако е уапсен на основ на европскиот налог во Италија, во врска со нападот над Кокс.
Мастрели истакна дека не е виновен во посебната тачка за насилничко однесување и нереди. Кокс се здоби со сериозни повреди на главата и се уште се наоѓа на рехабилитација.
Тој по нападот мина четири и пол недели на лечење на неврологија.