Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последниот натпревар од саботната програма од Серија А, Наполи на домашен терен го надигра тимот на Милан и славеше победа со 2:1.
Водечкиот погодок го постигна Лоренцо Инсиње во 33.минута кој погоди по асистенција на новиот репрезентативец на Италија, Жоргињо. Погодокот најпрво не беше признат, но по прегледувањето на новата ВАР технологија судијата покажа на центарот.
На 2:0 зголеми полскиот играч Пјотор Зиелински во 73. минута, а почесниот погодок за Милан го постигна Ромањоли во судиското продолжение.
Со оваа победа Наполи ќе остане на врвот на Серија А и по 13. коло, додека Милан останува на седмата позиција, но со сигурност ќе падне за неколку позиции по утрешните натпревари.