“Нашето трио е подобро отколку МСН“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус Хуан Квадрадо рече дека неговата екипа во претстојните натпревари против Јувентус ќе мора да влезе мотивирана како да игра финале во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Јувентус играат во вторник од 20:45 на својот стадион во Торино против Барселона, прв натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Ќе мораме да мислиме како добро да се подготвиме за натпреварот и нашата игра и да бидеме сигурни дека тој дуел ќе го дочекаме 105 % подготвени. Ќе биде фантастично да се учествува во таков спектакл. Играњето пред наши навивачи првиот меч ќе биде голема работа, мораме да пробаме да победиме, а да го направиме тоа ќе мораме да бидеме непогрешливи во нападот и во одбраната, со цел да играме во финале“, рече Квадрадо за клупскиот сајт.

Тој додека дека верува во пламан на црно-белите во полуфинале во најелитното европско натпреварување.

„Тие имаат неколку првокласни играчи па мораме да бидеме добро организирани, да направиме минимален број на грешки и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни се укаже. Да веруваме дека момеже? Нормално, ние секогаш веруваме. Знам за што сум способен и знам дека имаме доволно да се спротивставиме на Барселона“, наведе Квадрадо.

Квадрадо рече дека секогаш ќе ги избере напаѓачите на Јувентус, Пауло Дибала, Гонзало Игуаин и Марио Манџукиќ пред ефикасното трио на Барселона, Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез.

„Ќе ги изберам моите соиграчи. Кој е најдобар од тие? Никој не е најдобар. Дибала не е подобар од Манџукиќ, а Манџукиќ не е од Дибала. Секој играч донесува нешто ново во тимот и тоа е нашата сила. Играме како фамилија и до самиот крај се бориме еден за друг“, наведе Квадрадо.

Во вторник се игра и друго четвтфинале, каде што во Дортмунд Борусија од 20:45 ќе го дочека Монако.