Најголемиот експерт за трансфери го потврди тоа што сите го чекаме – Роналдо во Јувентус!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо е во центар на внимание бидејќи светските медиуми пишуваат дека уште денеска би можел да го комплетира трансферот во Јувентус.

Еден од најдобрите новинари во светот за трансфери, Џанлука Ди Марцио, објави дека Јувентус се надева дека Хорхе Мендеш ќе ги среди документите и Роналдо ќе се појави на прегледи во клубот.

Исто така, Роналдо го контактирал Карло Анчелоти, поранешниот тренер на Реал Мадрид, па го прашал како е да се игра во Италија.

Ди Марцио пишува дека постојат уште докази дека 33-годишниот играч го напушта „кралскиот клуб“, а наскоро се очекува негова преселба во Торино.