„Најлоша сезона на хартија“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Роси последните 3 трки во овој шампионат ќе ги вози „за своја душа“. Сите надежи за титулата пропаднаа, а треба да се зачуваат 14 бодови предност пред Лоренцо во борба за 2-то место.

    Роси во текот на викендот во Мизан даде изјава:

    „Лоша работа е дека земавме малку бодови во Мотеги. Но добра работа е тоа што знаеме дека би можеле да се бориме за победа. Филип Ајленд е одлична патека и место кое го обожавам. Ќе дадеме се од себе за да бидеме добри таму.“

    Роси додаде и дека ова била „најлоша сезона во Јамаха, но само на хартија“.

    А што се однесува до Филип Ајленд, тој имаше 5 победи по ред од 2001 до 2005 година, па пет подиуми до 2010 година. Стигна до уште една победа во 2014, а што ќе се случи оваа година ни останува да видиме.