„Не е лесно да се прифати 2-то место“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Розберг призна дека не е лесно да се прифати 2-то место од трката во Тексас. Но, тој вети дека ќе биде подобар во наредната трка.

    „Иако и понатаму сум задоволен со водството од 26 бодови, тешко е да се прифати оваа трка и цел овој викенд. Сакав овде да ги тргнам сите дилеми. Сепак Хамилтон возеше одлично.“

    Розберг го објасни изборот и на меките гуми.

    „Знаевме дека тоа ќе биде ризик, но одлучивме за такво нешто. Имав проблеми, но тоа е тоа.. Не се враќам на минатото, тргнувам кон следната трка во Мексико и таму ќе нападнам со сите сили.“