Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Групната фаза од Лигата на шампиони влегува во својата завршница, а во групите А, Б, Ц и Д беше комплетирано четвртото коло.
По вчерашните дуели, стана јасно кои два клуба повеќе немаат ниту математички шанси за пласман во нокаут-фазата, а тоа се Локомотива Москва и Монако.
Локомотива во четири натпревари доживеа четири порази и има гол-разлика од 2-11, па е последна во групата Д.
Од друга страна, Монако има само еден бод, но Борусија Дортмунд и Атлетико имаат по девет бода и поради тоа не е возможно да ги стигне.
Блиску до елиминација е и ПСВ, кој им еден и зад второпласираниот Интер има шест бодови помалку.