Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Жозе Мурињо присуствуваше на својот прв фудбалски натпревари, откако го напушти Манчестер јунајтед.
Мурињо во вторник доби отказ од Манчестер, а сега се врати во родниот Сетубал и веднаш замина на стадион, а новинарите ги замоли да го почитуваат и да го остават на мир додека не биде повторно тренер.
Очигледно Португалецот не може без фудбал, па го следеше дуелот меѓу Виторија Сетубал и Санта Клара, а гостинската екипа победи со 2-0.
„Од првиот ден бев горд што го водев Јунајтед и мислам дека навивачите тоа го знаат. Како што беше и со моите претходни клубови, работев со прекрасни луѓе и верувам дека ќе ми бидат пријатели цел живот“, кажа Мурињо.