Не одигра ниту минута: Тој е добар фудбалер, но не се вклопува во мојата филозофија…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурисио Сари истакна неодамна дека неколку фудбалери сигурно ќе го напуштат лондонскиот клуб во јануари, а еден од нив е и играчот за врска Дени Дринквотер.

Дринквотер пристигна во Челси од Лестер летото 2017. година и во прват сезона беше прилично стандарден кај Конте. Меѓутоа, со пристигнувањето на Сари на „Стемфорд Бриџ“ се се промени, Дринквотер е веројтно единствениот играч кој не одигра ниту минута откако италијанскиот стратег го презеде клубот.

Сари призна дека не смета на Дринквотер и дека тој може да побара нов клуб веќе во јануари. Тренерот на Челси изјви дека му е жал што е таква ситуацијата со Дринквотер бидејќи според него е добар фудбалер, но дека едноставно не се вклопува во филозофијата на играта која тој ја преферира.

„За Дринквотер проблем е само мојот начин на игра. Тој е добар играч за врска, но во формацијата која има двајца дефанзивни играчи за врска што ние не ја играме. Останатите позиции во редот за врска не му лежат баш најдобро и тоа е единствен проблем. Не знам што ќе се случи во јануари бидејќи тоа ќе го одлучат клубот и тој“, истакна Сари.