Неверојатен расплет во групата Х: Сенегал испадна поради поголемиот број жолти картони (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неверојатен расплет имаше групата Х по денешните последни натпревари од групната фаза во рамките на Светското првенство.

На крајот Сенегал беше трагичар поради повеќе жолти картони од селекцијата на Јапонија. И  Јапонија и Сенегал беа поразени со идентичен резултат (1:0) од Полска, односно Колумбија.

Полјаците победија со голот на Беднарек, додека пак голот вреден пласман во осминафинале за Колумбија го постигна Јери Мина.

Колумбија заврши како првопласирана со шест бодови, втора заврши селекцијата на Јапонија со четири бода, а исто бодови имаше и Сенегал кој заврши на третата позиција. Со оглед дека меѓусебниот дуел Сенегал и Јапонија го завршија без победник (2:2), а по три одиграни кола имаа исто бодови и иста гол разлика, патникот во нокаут фазата го одреди бројот на заработени жолти картони. Сенегал на крајот испадна поради шест жолти картони, додека Јапонците добија четири во трите одиграни натпревари.