Неверојатна размена на играчи меѓу Барселона и Арсенал


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Англискиот медиум „Сан“ објавува дека Арсенал и Барселона подготвуваат трампа на играчи пред крајот на летниот преоден рок.

Наводно Каталонците сакаат да го земат Арон Рамзи и се подготвени во спротивен правец да го испратат 21 годишниот Осман Дембеле.

Ваквите најави се помалку неочекувани затоа што Емери потенцираше дека Рамзи ќе игра важна улога во тимот на Арсенал следната сезона, но вклучувањето во понудата на младиот Осман Дембеле може да го разубеди шпанскиот стратег.