Неверојатна ситуација: Два хрватски клуба тврдат за ист ракометар дека е нивни!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повремениот репрезентативец на Хрватска, Иван Сршен е причина за голема караница меѓу ППД Загреб и Нексе.

Проблемот е создаден откако Сршен како ракометар на Нексе беше испратен на позајмица во Пик Сегед, а потоа замина на позајмица во Загреб, каде што игра фантастично.

Сршен е формално ракометар на Нексе, а во моментов е на позајмица во Загреб, каде што игра фантастично и го предводи тимот до трофеј во Хрватска.

Клубовите не може да се договорат што ќе се случи со него, а одлуката ќе ја донесат членовите на Хрватскиот ракометен сојуз во рок од осум денови.