Неверојатна статистика: Ова се клубови со најголема потрошувачка од 2010


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Големите светски клубови во секој преоден период трошат 10-на милиони евра на засилувања, Во последните 6 години најмногу потроши Манчестер Сити и тоа 1.02 милијарди евра.

    На второ место е Челси со 870 милиони евра. Трето место е Манчестер Јунајтед со 840 милиони, а на 4-то место е ПСЖ со 690 милиони.

    Барселона се наоѓа на 5-то место со потрошени 679 милиони евра додека на 6-то место е Ливерпул со 660.

    На 7-мо место е Реал Мадрид со 644 додека на 8-мо место е Јувентус со 616 милиони. На 9-то место е Рома со 535 милиони додека Интер ја комплетира листата од 10 тимови со 517 милиони евра.