Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем е во незавидна позиција што се однесува до пласманот во следната рунда во Лигата на шампионите, и покрај победата на ПСВ во Англија.
По четири кола „Спарси“ се наоѓаат на третата позиција со 4 освоени бодови, три помалку од Интер кого во следното коло го пречекуваат на „Вембли“.
Токму тоа е предмет на тужбата која ја поднесе неименуван навивач на Арсенал кој тврди дека Тотенхем лажел кога направил постер со сликата од новиот стадион со реченицата: „Единствено место каде можете да ја гледате Лигата на шампионите во Лондон“.
Тотенхем своите домашни натпревари ги игра на „Вембли“ бидејќи се уште не се преселиле на новиот стадион, а доколку не обезбедат пласман во нокаут фазата нема да можат да го исполнат она што го напишале, бидејќи селидбата е предвидена околу Нова Година.
Каков начин, да му се „одмаздиш на ривалот“, урнебесно зар не?