Невил знае кој е идеалното решение за тренеската позиција во Манчестер јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо денеска го напушти Манчестер јунајтед по поразот од Ливерпул со 1-3 на „Енфилд“, а веќе почна да се шпекулира кој ќе го замени на „жешкото“ столче.

„Црвените ѓаволи“ по две ипол сезони останаа без тренер, а еден од кандидатите за наследник на Мурињо е Маурицио Покетино од Тотнем, а таа идеја ја подржува и Гери Невил.

„Клубот досега се обидуваше со тренери кои освојуваа европски титули, но сега е потребен некој различен од нив и некој кој ќе негува возбудлив фудбал“, кажа Невил.

Како потенцијални кандидати се споменуваат и Зинедин Зидан, Лорен Блан и многу други.