Некогашниот англиски репрезентативец открива: Модриќ не учеше да пцуеме на хрватски…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ледли Кинг, некогашниот англиски репрезентативец и некогашен соиграч на Модриќ во Тотенхем, го пофали капитенот на хрватската репрезентација.

„Кај играчите, особено оние со низок раст, секогаш ги гледате нивните нозе. Какви нозе има Лука. Има огромни листови“, истакна Кинг кој во Тотенхем му беше капитен на Модриќ.

„Лука може да се движи со топката во нозете и мирно да ја задржи во свој посед. Еден е од најдобрите играчи за врска кои може да прими топка од стопер, да се тргне од играчот кој го чува и да излезе на противничката половина. Убеден сум дека тренерите секогаш им велат да своите играчи да излезат подлабоко, да го сопрат Лука во примањето на топката. Сепак, тој секогаш ќе најде начин да ја диктира играта“.

Кинг додаде дека Модриќ го памети како фантастично момче и откри една интересна информација.

„Модриќ не учеше да пцуеме на хрватски и секогаш кога ќе го видам, тоа е првата работа која му ја кажувам“.