Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер јунајтед со вечерашниот натпревар против Лестер сити ја отвора новата сезона во Премиерлигата.
„Црвените ѓаволи“ не го менуваа премногу тимот летово. Ангажираа четири засилувања, а најзвучното е Фред од Шахтјор.
Овој фудбалер ќе го носи дресот со број 17, а нова „десетка“ ќе биде Маркус Рашфорд.
Уште неколку промени на броеви се направени во Јунајтед, Маркос Рохо реши да го остави бројот пет и ќе игра во новата сезона со број 16.
Португалскиот дефанзивец Диого Далот го зема бројот 20 од Серхио Ромеро, а аргентинскиот голман го зема бројот 22, додека третиот голман Ли Грант ќе го носи бројот 13.