Нема играње со Мурињо: Погба на клупата против Севилја


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дека нешто не „штима“ во односот помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба се шпекулира веќе подолг период.

Французинот е далеку од формата која треба да ја прикажува на теренот, а многумина за тоа го обвинија токму Мурињо кој го играл многу поназад иако тој е поофанзивен фудбалер.

Веќе неколку натпревари со ред Погба беше ваден од игра, а поради наводна настинка го пропушти натпреварот против Хадерсфилд во рамките од ФА Купот.

На денешниот натпревар кој Јунајтед ќе го игра со Севилја, Пол Погба ќе стартува од клупата за резервни фудбалери иако Мурињо потврди дека тој целосно закрепнал од настинката.