Нема никогаш да погодите: Знаете ли кој е најплатен фудбалер во светот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој фудбалер има скоро двојно поголема плата од Лео Меси.

Според медиумите, најплатен фудбалер во светот е аргентински репрезентативец, но тоа не е Лионел Меси.

Според последните информации, поранешниот фудбалер на Наполи и ПСЖ заработува неверојатни 590 илјади евра неделно.

Лионел Меси треба да потпише нов договор со Барселона, според кој ќе заработува 320 000 евра неделно, а тоа е 270 000 евра помалку од парите кои ги заработува Лавеци.

Кристијано Роналдо неодамна потпиша нов договор со Реал Мадрид, а според него во наредните пет години заработува 435 000 евра неделно додека неговиот соиграч Герет Бејл заработува околу 420 000 евра неделно.

Лавеци заработува 155 000 евра повеќе од Роналдо и 170 000 евра повеќе од Бејл, двата играчи кои минатата сезона ја завршија со освојување на трофејот во ЛШ, Роналдо го освои и ЕП во Франција додека Лавеци минатата сезона одигра само 10 натпревари за кинескиот клуб.